Top Sport

Џони Еванс признава: Тоа беше најдобрата вечер во мојот живот

Повратникот во Манчестер јунајтед, Џони Еванс вели дека вчерашната 1:0 победа на гости кај Барнли била „најдобрата вечер“ во неговиот живот, откако 35-годишниот дефанзивец го имаше својот прв старт за клубот од 2015 година.

Репрезентативецот на Северн Ирска си замина од Јунајтед пред осум години, но ова лето доби едногодишен договор од клубот по крајот на неговиот договор со Лестер. И покрај тоа што беше предмет на потмев поради својата возраст и повредите последните две години, тој имаше фантастичен меч, крунисан со додавањето до Бруно Фернандеш за победичкиот гол. Мечот исто така беше 200. во дресот на Јунајтед за него, а исто така постигна гол во првото полувреме кој беш поништен поради офсајд.

„Ја обожавав сеекоја минута. Пред меч ја добиваш таа нервоза, едвај чекав и потоа беше чиста возбуда. Ова беше мој 200. меч за Мен јунајтед, не верував дека ќе дојдам до ова бројка. Најдобрата вечер во мојот живот. Кога добив повик од Јунајтед немав друга опција и се обидов да ја искористам мојата шанса“, вели Еванс.

Scroll to Top