По вчерашната „несреќа“ на Холандското ГП, кога возачот на Мекларен, Лендо Норис му го скрши победничкиот трофеј на Макс Ферстапен од Унгарското ГП, престижната порцеланска компанија „Херенди“ потврди дека Холанѓанецот ќе добие нов трофеј.
„Со големо жалење дознавме дека прекрасниот ‘Херенди’ трофеј, рачно уметничко дело, беше оштетен. Тоа беше резултат на речиси шест месеци работа на повеќе од 30 луѓе и секогаш е тешко да се види такво нешто. Но, ние сме компанија која има улога во градење на имиџот на Унгарија и ќе го замениме трофејот за шампионот. Чија вина е, оставаме на тимовите да одлучат, ние ќе ја преземеме веселата работа за изработка на нов трофеј“, изјави Атила Шимон, генералниот директор на „Херенди“.