Лидерот во генералниот пласман на Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен, ќе стартува од пол-позицијата во спринтот за Големата награда на Австрија. Тој го заврши квалификацискиот спринт на Ред Бул Ринг во Спилберг со време од 1:04.440 и беше за 0.493 секунди побрз од неговиот тимски колега, Серхио Перез.
Ферстапен ја обезбеди најдобрата стартна позиција во петокот и за главната трка в недела.
Ландо Норис од Мекларен ќе стартува трет во спринтот, во ист ред со Нико Хулкенберг од Хас четврти, додека Карлос Саинц и Шарл Леклер од Ферари ќе се редат зад нив.