Top Sport

Патрик Клајверт е нов тренер на Адана Демирспор

Поранешниот холандски напаѓач Патрик Клајверт е назначен за тренер нa турскиот прволигаш Адана Демирспор. Тој потпиша двегодишен договор, соопштија од клубот.

Клајверт претходно беше селектор на Курасао и беше дел од стручниот штаб на Холандија под водство на Луј ван Гал од 2012 до 2014 година.

Адана минатата сезона заврши на четвртото место во турската Суперлига и ќе игра во Конференциската лига. Клајверт ќе го наследи Италијанецот Винченцо Монтела.

Минатата сезона за Адана Демирспор настапуваше македонскиот репрезентативец Јован Манев.

Scroll to Top