Поранешниот Формула 1 шампион Нико Розберг смета дека оваа сезона Макс Ферстапен има убава можност да ја освои титулата. Розбер ја заврши кариерата по завршувањето на сеозната 2016 во која ја освои шампионската титула.
Сезоната во Формула 1 е под знак прашалник поради коронавирусот. Шпекулациите говорат дека челниците на „најбрзиот циркус“ ќе се решат да ја скрата сезона. Според Розберг една таква, скратена сезона, најмногу би му одговорала на Макс Ферстапен.
„Макс има поголеми шанси доколку во сезоната има помал број на трки. Навистина сметам дека тие (Ред Бул) оваа година можат да им бидат сериозна конкуренција на Мерцедес. Навистина верувам дека имаат големи шанси доколку сезоната биде скратена“, рекол Розберг.