Top Sport

Ферстапен: Лесно му е на Хамилтон со такви тимски колеги

Макс Ферстапен како повторно да сакаше да влезе во вербална расправија со петкратниот светски шампион Луис Хамилтон, повторувајќи го тврдењето дека неговиот фантастичен успех последната декада е резултат на тоа што тој никогаш немал „најсилни“ тимски колеги.

Иако во минатото Хамилтон возеше со светските шампиони Фернандо Алонсо, Џенсон Батон и Нико Розберг, последните години ги помина во Мерцедес прво со Розберг, а сега со Валтери Ботас, обично доминирајќи над нив.

„Во текот на годините, Луис немаше најсилни тимски колеги. Кога имате вистински болид за победи, можете да ги победите сите лесно. Луис е фантастичен возал, еден од најдобрите кои се тркале во Формула 1, но секогаш го имал најбрзиот болид, а кога имате таква доминација, се борите само со својот колега“, вели Ферстапен.

Сепак, холандскиот возач на Ред бул не би имал проблем да биде во ист тим со Британецот.

„Ако се случи, се случи, но тоа не е нешто за што сонувам“, објаснува Ферстапен.

Scroll to Top