Top Sport

Модриќ со бизарен ритуал: Пет пати ги бакнува штитниците за нозете пред да влезе во игра! (видео)

Лука Модриќ, најдобриот фудбалер на светот за 2018 година, во саботата имаше шанса да влезе во игра во дербито на Мадрид помеѓу неговиот Реал и Атлетико, и шпанските новинари го забележија неговиот чуден ритуал пред влезот во игра.

Хрватот ги бакнуваше своите штитници за нозете (костобрани), и тоа пет пати, а камерите го забележија тој момент. На неговите штитници за нозете има фотографии на Исус Христос, неговата сопруга Вања и неговите три деца, Ема, Иван и Софија.

Scroll to Top