Top Sport

Ферстапен на пол-позицијата во Франција

Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул, ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Франција. Најбрзиот круг на патеката „Пол Рикард“ изнесуваше 1:29.990 минути. Холанѓанецот во Франција ја освои петтата пол-позиција во кариерата.

Утрешната трка, Ферстапен ќе ја стартува пред двоецот од Мерцедес. Второто место му припадна на Луис Хамилтон (+0.258), а третото на Валтери Ботас (+0.386). Вториот ред го комплетираше колегата на Ферстапен, Серхио Перез.

Најдобрите 10 на стартот ги комплетираа Карлос Саинц (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури). Шарл Леклер (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Фернадо Алонсо (Алпин) и Даниел Рикардо (Мекларен).

Scroll to Top