Top Sport

Сензација во Будимпешта, Унгарија освои бод против Франција

Унгарија го приреди првата сензација на Европското првенство. Во прекрасната атмосфера на „Пушкаш арена“ во Бупимпешта пред 67.000 навивачи, Унгарија одигра 1:1 со светскиот првак Франција.

Унгарците храбро им се спротивставија на најголемите фаворит за титулата. Носени од публиката, Унгарците без респект влеоа во мечот и во таков ритам ги одиграа сите 90 и нешто повеќе минути.

Сензацијата ја најави Фиола, во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.

Претходно, Франција пропушти шанси преку Мбапе и Бензема.

Во вториот дел израмнувањето го најави Дембеле, кој во 59.минута ја погоди стативата. Седум минути подоцна, по акцијата на Мбапе, Гризман од седум метри лесно ја смести топката во голот.

До крајот на мечот Унгарците успеаја да ги издржат налетите на Франција.

Франција сега има четири поени, Унгарија еден. Колото ќе го комплетираат Германија и Португалија.

Scroll to Top