Top Sport

Ферстапен на пол-позиција во Австрија, нова катастрофа за Перез

Асот на Ред бул, Макс Ферстапен во недела ќе стартува на пол-позицијата на домашното, Австриско ГП на Ред бул ринг, пред двојката на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор, додека најблискиот ривал на светскиот шампион, неговит колега Серхио Перез четврта трка едноподруго не влегува во последните квалификации и ќе стартува на 15. место.

Лендо Норис беше четврт за Мекларен, пред Луис Хамилтон во Мерцедес, Ленс Строл и Фернандо Алонсо на шестото и седмото место, а во топ 10 е и Нико Хилкенберг во Хас, Пјер Гасли во Алпин и Алекс Албон во Вилијамс.

Квалификациите се одржуваат денеска, бидејќи утре во Шпилберг на програмата е спринтерската трка, за која ќе има посебни квалификации утре наутро.

Перез, кој пристигна болен во Австрија, но и под притисок поради слабата форма, имаше сигурно време да влезе во топ 10, но неговите три најбрзи круга беше избришани поради излегување надвор од патеката.

Scroll to Top