Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на втората спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која се возеше како дел од Големата награда на Австрија.
Холанѓанецот втора година по ред беше најдобар во спринтот на „Ред Бул Ринг“, а воедно ја забележа и четвртата победа во тој формат. Тимскиот колега Серхио Перез беше најблиску до актуелниот шампион на променливите услови, од дожд до сонце на патеката, додека Карлос Саинц Јуниор во Ферари заврши на третото скалило на подиумот.
Во генералниот пласман сега води Макс со 208 бодови, а по него е Перес со 133.