Top Sport

Ферстапен најбрз во Спа, но го „скрши“ болидот!

Асот на Ред бул, Макс Ферстапен ги победи Валтери Ботас и Луис Хамилто на вториот тренинг на легендарната патека Спа Франкоршамп, по што во финишот на сесијата излета од патеката.

Како и првата сесија, и вториот тренинг се возеше на влажна патека поради дождот кој паѓаше во текот на паузата, но патеката се сушеше и возачите имаа шанси да се обидат со квалификациски симулации на меки гуми.

Ферстапен постави време од 1:44.472, победувајќи го Ботас за 0.041 секунди и Хамилтон за 0.072 секунди, додека четврт беше Фернандо Алонсо во Алпине, пред Пјер Гасли и Ленс Строл.

Потоа, следуваа, судирите. На 15 минути пред крајот, Шарл Леклер во Ферари излета на „Ле комб“ кривината, предизвикувајќи прекин на сесијата. Ферстапен исто така излета на седмата кривина, но на излезот на „Ле Комб“, по што сесијата беше прекината и не продолжи.

Scroll to Top