Top Sport

Евертон го праќа Хамес на позајмица во Порто за да го добие Дијаз

Евертон се пред комплетирање на трансферот на крилото на порто, Луис Дијаз, тврди „Дејли мејл“, во договор со кој на позајмица ќе го пратат Хамес Родригез на „Драгао“.

Колумбиецот Дијаз веќе постигна два гола во португалскиот шампионат оваа сезона и треба да биде засилување во нападот на тимот на Рафа Бенитез.

Хамес, пак, призна дека е разочаран во Евертон по заминувањето на тренерот Карло Анчелоти во Реал Мадрид, и „карамелите“ подолго време се обидуваат да најдат решение.

Scroll to Top