Top Sport

Ферстапен: Нема причина да си заминам од Ред Бул

Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека нема причина да го напушти Ред Бул, и покрај несогласувањата меѓу неговиот тако Јос и шефот на тимот Кристијан Хорнер.

„Среќен сум во Ред Бул. Се додека имаме добри резултати, немам причина да си одам. Секогаш ќе го почитувам договорот”, изјави Ферстапен.

Откако Луис Хамилтон потпиша договор со Ферари од 2025 година, медиумите шпекулираат дека Ферстапен би можел да го заземе неговото место во Мерцедес.

И покрај 21 победа на минатогодишните 22 трки, Ред Бул има внатрешни проблеми во тимот, бидејќи Хорнер беше обвинет за „недолично однесување“ кон колешка, а по внатрешна истрага тој беше ослободен од обвиненијата.

Неколку часа откако неговиот син победи на првата саботна трка од сезоната во Бахреин, Јос Верстапен го критикуваше Хорнер.

„Има тензија во тимот, се додека тој е на позицијата тимски шеф. Тимот ризикува да се распадне. Не може да продолжи вака. Ќе експлодира”, изјави Јос Верстапен.

„За мене е важно да не се мешам во конфликтот. Во Бахреин тоа не влијаеше на перформансите на тимот. Останувам фокусиран на мојата работа, да бидам добар на патеката”, изјави Макс Ферстапен.

На прашањето дали го дели мислењето на неговиот татко и дали може да продолжи да работи со Хорнер, тој рече дека е фокусиран само на резултатите на тимот.

Scroll to Top