Макс Ферстапен нема причина за задоволство по првата трка во новата сезона. Холанѓанецот од Ред Бул, Големата награда на Бахреин ја заврши на второто место, иако тој беше апсолутен фаворит пред трката, која ја започна од пол-позицијата.
Фрестапен, во самиот финиш на трката, на четири круга до крајот, Ферстапен во свиокот број 4 успеа да излезе пред Хамилтон, но тимот му порача да ја врати позицијата, бидејќи во во тој момент со сите четири тркала бил надвор од патеката.
Ферстапен смета дека требало да го остават да вози пред Хамилтон, тој изјавил дека во тие последни кругови ќе можел да направи доволна предност која не би му ја загрозила првата позиција.
„Зошто не ме оставивте да возам, можев лесно да ги надоместам тие пет секунди? Подобро да останев без победата, него што на ваков начин останав на второто место“, му порачал преку тимското радио, Ферстапен, на својот тим.
Ред Бул тврдат дека такви инструкции добиле од директорот на трката.
„Да излегов од патеката, ја врати позицијата и се обидов повторно, но моите гуми не беа во добра состојба да го извлечат тој притисок. Штета“, изјавил Ферстапен за „Скај спорт“.
With four laps to go, Max takes almost certain victory from Lewis
And then hands it back to him moments later #BahrainGP ?? #F1 @LewisHamilton @Max33Verstappen pic.twitter.com/PJoXhaCjHd
— Formula 1 (@F1) March 28, 2021