Top Sport

Марканен и Финска ја „спакуваа“ Хрватска!

Новиот кошаркар на Јута џез, Лаури Марканен постигна неверојатни 43 поени, имаше и 9 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки за да ги предводи Финска до неверојтна 94:86 победа и пласман во четврт-финалето на Евробаскетот во Берлин. Второто четврт-финале за Финска, по тоа во 1967 година, ќе биде вистински предизвик, дуел со подмладената Шпанија.

Ова е третпат на ова првенство еден кошаркар да постигне над 40 поени, по Јанис Адетокумбо (41) и Лука Дончиќ (47), но исто така и првпат во историјата на Финска на едно натпреварување некој кошаркар да постигне повеќе од 40 поени.

Хрватите успеваа да бидат во игра за четврт-финале до крајот на третата четвртина (67:65), но потоа не можеа да го сопрат Марканен, кој доминираше со својот шут. Најдобар во тимот на Дамир Мулаомеровиќ беше Бојан Богдановиќ со 23 поени и Џејлен Смит со 17 поени.

Scroll to Top