Top Sport

Ферстапен одговори: Сега ќе возам уште побргу!

Макс Ферстапен вети дека на критиките за грешките во првите три трки од сезоната ќе одговори со тоа што ќе биде уште побрз на Азербејџанското ГП овој викенд.

Ферстапен е само осми во генерален пласман, откако се изврте во Австралија, пред да се судри на квалификациите во Бахреин, за во трката да се судри со Луис Хамилтон. На крајот, во Кина, тој се судри со Себастијан Фетел, уништувајќи ја трката на двајцата. Но, тоа не значи дека тој ќе успори.

„Погрешен е приодот да се успориш бидејќи не сум тука само да се бројам. Учиш од своите грешки, но тоа не значи дека треба да бидеш поспор, туку обратно, треба да бидеш побрз и повеќе во контрола на ситуацијата“, изјави Ферстапен пред тркачкиот викенд.

Во Кина, тој дури можеше да стигне до победа доколку не беше судирот со Фетел и казната од 10 секунди, бидејќи неговиот колега Даниел Рикјардо беше на првото место на подиумот.

„Во Кина сѐ одеше како што треба, но немаше голема драма за тоа што се случи. Морам да гледам на цела сезона и добро е што сме брзи. Резултатите не се тука, но има уште 18 трки пред нас“, додава Ферстапен.

Фото: ЕПА

Ферстапен: Виновен сум, но нема да бидам „мирен“ возач (видео)

Scroll to Top