Top Sport

Казорла, конечно, се врати на тренинзи!

Голготата на Санти Казорла е пред крај. Шпанскиот фудбалер на Арсенал се врати на тренинзи на „Емирати“ по страшната повреда на скочниот зглоб поради која за малку ќе му бише ампутирано стапалото.

Казорла нема одиграно меч за Арсенал од октомври 2016 година, така што не чуди што од клубот сакаа да се пофалат дека Шпанецот се врати каде што му е местото.

Иако е непознато дали тој ќе може да се врати на фудбалот, сепак, охрабрува фактот што фудбалерот кој имаше 10 операции по повредата е доволно подготовен за лесен тренинг.

Животна драма на Казорла: Требало да му биде ампутирана ногата

Scroll to Top