Макс Ферстапен ги заддржа Ред бул на првото место и по вториот тренинг во Бахреин, победувајќи ги Лендо Норис во Мекларен и светскиот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес, за најава за интересен прв тркачки викенд во Формула 1 во 2021.
Втората сесија беше единствена која се одвива во слично време и временски услови како квалификациите и трката, и најдоброто време на Ферстапен од 1:30.847 беше за 0.547 секунди побрзо од времето кое го постави како најдобро во првата сесија.
Ветеранот Кими Раиконен беше првиот Ф1 возач кој излета во новата сезона, удирајќи во ѕидот на третата кривина на патеката, оштетувајќи го болидот.
Норис за остана само 0.095 секунди зад Ферстапен, додека Хамилтон, очигледно надминувајќи ги толку зборуваните проблеми со болидот на Мерцедес заостана 0.235 секунди. Карлос Саинс Јуниор им даде надеж на фановите на Ферари со четвртото најдобро време пред Валтери Ботас (Мерцедес), Даниел Рикардо (Мекларен), Јуки Цунода (Алфа Таури), Ленс Строл (Астон Мартин), Пјер Гасли (Алфа Таури) и Серхио Перез (Ред бул) во топ 10.
Шарл Леклер беше само 12. со 0.765 секунди послабо време во второто Ферари, Себастијан Фетел во првиот ден како официјален возач на Астон Мартин беше 14-ти, пред својот стар ривал Фернандо Алонсо, кој камбекот со Алпине го одбележи со 15-то место.
FINAL CLASSIFICATION
Plenty of laps under the floodlights on Friday evening, with Max and Lando leading the way ?#BahrainGP ?? #F1 pic.twitter.com/Zozj4MeMwO
— Formula 1 (@F1) March 26, 2021