Макс Ферстапен имаше многу „тивко“ саботно попладне во Силверстоун, пред во драматични два круга да пропушти неверојатна шанса за победа откако тимот го повлече во боксот на круг пред крајот.
Холандскиот возач на Ред бул немаше сили да се бори со моќниот Мерцедес пред него и во текот на целата трка беше на третото место, пред во претпоследниот круг Валтери Ботас да остане без гума и да влезе во боксот. Ред бул оценија дека Хамилтон е недостижен и го повлекоа во боксот Ферстапен за свежи гуми за да постави најдобар круг на трката (и да добие поен повеќе), но потоа и на Хамилтон му се дупна гумата. Благодарение на разликата која беше направена со влегувањето во боксот, Ферстапен немаше шанси да го стигне.
„Малку среќа и малку несреќа. Во текот на трката, Мерцедес беа пребрзи. Гумите не изгледаа најдобро и преку радио им кажав дека предното десно тркало ќе ми откаже. Кога Валтери доби дупната гума, решивме да влеземе во боксот за најбрз круг. Моменти подоцна, и Луис имаше дупната гума. Сепак, среќен сум и од второто место“, вели Ферстапен.
Луис Хамилтон, пак, призна дека сметал дека победата е загубена.
„До тој последен круг, сè беше одлично. Гумите изгледаа одлично, и се обидував да ги сочувам. Кога слушнав дека Валтери има проблеми, одеднаш се издиша гумата. Срцето ми беше во грло! Имаше опасност да го загубам предното крило и така ќе бевме преспори“, вели Хамилтон.
Хамилтон на „три тркала“ стигна до седма британска победа, катастрофа за Ботас