Top Sport

Ферстапен победи во Мексико, има 19 бода предност на 4 трки до крајот!

Холандскиот Формула 1 возач – Макс Ферстапен е победник на вечерашната трка за Големата награда на Мексико. Иако пилотот на Ред Бул стартуваше од третата позиција, веќе на првиот свиок изби на чело на колоната, пред двата Мерцедеси на Валтери Ботас, односно Луис Хамилтон.

Откога застана на чело на колоната, Ферстапен без поголеми проблеми остана на таа позиција до крајот на трката.
Британецот Хамилтон трката ја заврши како второпласиран иако постојано беше под притисок на третопласираниот вечерва – Серхио Перез од Ред Бул кој имаше голема поддршка од своите сонародници на трибините.

Четвртопласиран беше Гасли, а зад него Леклер.

Од петтата до десеттата позиција се пласираа Сајнц, Фетел, Раиконен, Алонсо и Норис.

Ферстапен на 4 трки пред крај на Ф1 шампионатот има 19 поени предност пред актуелниот шампион Хамилтон.


Следната трка во календарот е за Големата награда на Бразил.

Scroll to Top