Top Sport

Ферстапен победи во Остин, Ред Бул ја освои конструкторската титула

Макс Ферстапен победи на „лудата“ трка во Остин, Тексас. Светскиот првак водеше од страртот, го загуби првото место, поради грешката на механичарите, но успеа да ја надополни разликата од седум секунди помеѓу него и Луис Хамилтон, на првото место се врати на шест круга до крајот. Холанѓанецот ја запиша 33. победа во кариерата, 13. оваа сезона и се израмни на вечната листа со Михаел Шумахер и Себастијан Фетел. По оваа трка Ред Бул и теоретски ја обезбеди титулата меѓу конструкторите.

Траката во Остин, ја обелажаа инцидентите помеѓу Расел и Саинс, кој страртуваше од пол-позицијата и страшниот судир помеѓу Фернандо Алонсо и Ленс Строл, по кој Шпанецот 50. метри „леташе“, односно возеше само на задните тркала.

Исто така блескаа ветераните Алонсо и Фетел, кои и покрај сите проблеми со кои се соочија во текот на трката успеаја да освојат бодови.

Ферстапен победи пред Хамилтон и Шарл Леклер од Ферари, кој стартуваше од 12.место. Бодови освоија и Серхио Перез, Џорџ, Расел, Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Себастијан Фетел, Кевин Магнусен и Јуки Цунода.

Scroll to Top