Top Sport

Ферстапен прв, трката под безбедносно возило по судирот Цунода-Строл!

Стартот на Бразилското ГП во Интерлагос беше апсолутно фантастичен, во кој освојувачот на пол-позицијата и победникот на спринтерската трка, Валтери Ботас, попушти под притисокот на возачите на Ред бул, препуштајќи ги Макс Ферстапен и Серхио Перез на првото и второто место, додека неговиот колега, Луис Хамилтон од 10. место на стартот во еден круг успеа да скокне до шестото место покажувајќи дека не е подготвен да се откаже од борбата за титулата.

Ботас потоа го пропушти Хамилтон да дојде до третото место зад возачите на Ред бул, а трката стана уште поинтересна по судирот на Јуки Цунода во Алфа Таури и Ленс Строл во Астон Мартин, по што на патеката излезе безбедносното возило, „згуснувајќи“ го распоредот.

ТОП 10 ПО 7 КРУГА
1. Max Verstappen, Red Bull
2. Sergio Perez, Red Bull
3. Lewis Hamilton, Mercedes
4. Valtteri Bottas, Mercedes
5. Charles Leclerc, Ferrari
6. Carlos Sainz, Ferrari
7. Sebastian Vettel, Aston Martin
8. Pierre Gasly, AlphaTauri
9. Esteban Ocon, Alpine
10. Daniel Ricciardo, McLaren

Scroll to Top