Top Sport

Ферстапен: Шампионатот заврши, сезонава само проблеми

Холандскиот Ф1 возач, Макс Ферстапен од Ред Бул смета дека Мерцедес е многу силен сезонава и не се надева на победа против нив.

„Во `Муџело` пак го имавме истиот проблем како и во Монца. Стартот добар, отидов со полн гас, и повторно се појавија проблемите. Го почувствував тоа. Ова се случува вторпат по ред, не е нормално, се изморив од тоа“ – вели тој.

Ферстапен смета дека оваа сезона шампионатот веќе е решен, па се надева дека следната година „биковите“ ќе бидат конкурентни со „мерцедесот“ на Ботас и Хамилтон.

„Мислам дека немаме никакви шанси. Поради коронавирусот, не можеме да направиме многу промени во автомобилот. Се надевам дека регулативата, која стапува на сила во 2022 година, ќе биде нов почеток за нас. Сепак сакаме да победиме во секоја фаза, но шампионатов е веќе завршен“ смета Холанѓанецот.

Половина од Ф1 сезоната веќе помина, а убедливо прв на табелата во Ф1 е Луис Хамилтон со 190 бодови.

Втор е неговиот клупски колега Валтери Ботас со 135, а со големо заостанување на третата позиција е Ферстапен, Тој досега собра 110 бодови.

Scroll to Top