Top Sport

Ферстапен следната година со бројот 1: Можеби моја единствена шанса!

Новиот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен следната година ќе се откаже од неговиот „среќен“ број 33 и ќе вози со бројот 1 на болидот, резервиран за светските шампиони.

„Колку пати ќе можам да го направам ова? Можеби ова е единствениот пат во мојот живот. Бројот 1 е најдобриот на светот, така што дефинитивно ќе го ставам на болидот“, вели Холанѓанецот.

Асот на Ред бул ја освои својата прва шампионска титула во драматичниот финиш на Абу Даби ГП трката, поминувајќи го Луис Хамилтон во последниот круг од трката, нешто за што тимот на Хамилтон, Мерцедес поднесе жалба до ФИИА.

Ферстапен ќе биде првиот возач со бројот 1 во Ф1 од Себастијан Фетел кој го возеше во 2014 година. Хамилтон никогаш не возеше со број 1, и го користеше само еднаш на тренингот во ноември 2019 година. Пред Ферстапен, единствен кој последните седум години го победи Хамилтон беше Нико Розберг, меѓутоа Германецот не возеше со овој број, бидејќи веднаш се пензионираше по триумфот во 2016.

Scroll to Top