Top Sport

Дибала нема повреда на мускулот, во Јуве се надеваат на брз камбек

Јувентус тврдат дека Пауло Дибала и неговата здравствена состојба ќе бидат следени секојдневно, откако утринските тестови отфрлиле можност за мускулна повреда, која подолго време ќе го оддалечеше од теренот.

Аргентинецот беше заменет по само 12 минути игра во саботата против Венеција, и денешните тестови во медицинскиот центар на клубот од Торино, покажале дека нема голема загриженост за мускулна повреда, по што тој најверојатно ќе паузира само на последните два меча од 2021, против Болоња и Каљари.

Дибала е најдобриот стрелец на Јувентус оваа сезона со 8 гола во 17 настапи, но пропушти дури седум меча поради повреда. Се очекува тој да го продолжи договорот со Јувентус, откако сегашниот му завршува во јуни 2022.

Scroll to Top