Top Sport

Клоп: Супер што повторно ќе дојдам на „Сан Сиро“!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека одлуката на УЕФА да го повтори ждребот за Лигата на шампионите била исправна, и вели дека се радува на второто гостување на „Сан Сиро“ во три месеци, откако ги доби актуелните италијански шампиони, Интер, откако првично ги добија Вилјареал, нешто што беше една од причините за обновувањето на ждрепката.

Ливерпул на Клоп ги елиминираа Милан во групната фаза токму со победата во последното коло на „Сан Сиро“.

„Морав да чекам 54 години да играм на ‘Сан Сиро’ првпат, сега ќе одам двапати во три месеци, така што тоа е добра вест! Секако, ждрепката е многу тешка. Тие се лидери во Италија, и во одлична форма во моментов. Ќе видиме што ќе се случи во јануари“, вели Клоп.

Тој посебно го посочи Лаутаро Мартинез како „еден од највозбудливите напаѓачи на светот“, и посочи дека фудбалерите на Интер имаат искуство во Премиерлигата.

„Секако, Санчез и Џеко го познаваме многу добро, а Лаутаро е еден од највозбудливите во нападот во светот. Таму е Симоне Инзаги, во првата година, но тоа е начинот на Ливерпул – никогаш не е лесно, но секогаш е возможно. Вистински дуел од Лигата на шампионите. Дефинитивно мораа да ја повторат ждрепката“, вели Клоп.

Scroll to Top