Top Sport

Ферстапен со мајсторска победа над Хамилтон на Пол Рикар!

Во една од најнеизвесните трки досега во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен во претпоследниот круг успеа да го помине светскиот шампион Луис Хамилтон и да стигне до победа за зголемување на водството во генерален ппласман во вистинска класика на патеката Пол Рикар.

Ред бул имаше маестрална статистика со две влегувања во боксот, и ја доби битката со Мерцедес за една од најимпресивните победи оваа сезона. Уште подобро, Серхио Перез во последните кругови го претекна Валтери Ботас за 1-3 финиш на Ред бул рејсинг.

Трката започна драматично за Холанѓанецот, откако не успеа да ја заддржи пол-позицијата правејќи грешка и излегувајќи надвор од патеката, со што Хамилтон дојде на првото место. Мерцедес успеаја да се оддржат на првото место до влегувањето во боксот, кој зачудувачки Ферстапен повторно излезе пред двајцата возачи на Мерцедес, откако лидерите се решија на тврди гуми.

Меѓутоа, Ферстапен не успеваше да го оддржи темпото со овие пневматици, и од Ред бул решија да влезат уште еднаш во боксот, за да постават „средни“ гуми. Со овие, возачите на „бикот“ беа значително побрзи од Мерцедес, кои се решија да не влезат вторпат во боксот. Ферстапен бргу го стигна Ботас и го претекна, по што во последните три круга влезе во ДРС-зоната за борба со шампионот.

Триумфот значи дека Ферстапен сега има 131 поени пред Хамилтон со 119, а за Ред бул посебно е ветувачки тоа што Пол Рикар беше патека која требаше да биде во корист на „сребрената стрела“.

Зад доминантните болиди на Ред бул и Мерцедес беа двајцата возачи на Мекларен, Лендо Норис и Даниел Рикардо откако имаа неколку интересни битки на патеката, а седми беше одличниот Пјер Гасли во Алфа Таури. во поени успеаја да влезат и ветераните Фернандо Алонсо во Алпине на домашната трка за тимот на осмото место и двајцата возачи на Астон Мартин, Себастијан Фетел и Ленс Строл, оставајќи ги Ферари без поени во уште една разочарувачка трка за Скудерија.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top