Top Sport

Класата е вечна – Тјери Анри ги воодушеви Де Брујне и Лукаку

Ако на Ромелу Лукаку и Кевин де Брујне им е потребна фудбалска лекција, можат да се потпрат на помошникот-селектор на Белгија, Тјери Анри, кој им покажа како се прават работите и покрај тоа што е во пензија подолго време.

Анри се врати на помошничкото место на Мартинез пред ЕУРО 2020 како ментор на Лукаку, и легендата на Арсенал покажа дека не го загубил чувството за гол со мајсторија од слободен удар, и тоа со неговата послаба лева нога.

„Ајде човеку. На рекордери не им е потребно ова. Влези во игра. Овој човек е во пензија 10 години и е убива“, вели Лукаку.

„Тренираме половина час и уфрлувавме голови, а тој влегува и не убива. А утре играме против Финска“, вели Де Брујне.

Scroll to Top