Двократниот светски шампион, Макс Ферстапен, направи уште еден чекор до титуата, триумфирајќи на маратонското Холандско ГП, победувајќи го Фернандо Алонсо за да влезе во историјата како прв возач со 9 победи во низа.
Во трка во која променливото време и дождот придонесоа за најмногу возбуда, Ферстапен остана смирен и немаше вистинска конкуренција за своја деветта победа во низа, израмнувајќи го рекордот на претходната ѕвезда на Ред бул, Себастијан Фетел во уште една супериорна трка.
Алонсо се врати на подиумот со Астон Мартин, додека третото место го освои Пјер Гасли во Алпин, преземајќи го од Серхио Перез, кој доби казна од 5 секунди поради пребрзо возење вобоксот. Карлос Саинс Јуниор беше петти за Ферари, издржувајќи го нападот на Луис Хамилтон во Мрцедес, а во поени беа и Лендо Норис (Мекларен), Алекс Албон (Вилијамс), Оскар Пјастри (Мекларен) и Естебан Окон (Алпин).
Ферстапен го задржа водството по стартот, но дождот кој почна да паѓа веднаш по стартот примора повеќе возачи да влезат во боксот, и неговиот колега Серхио Перез успеа да излезе на првото место. По ова, Ферстапен го намалуваше драстично неговото водство од 13 секунди, за да го помине по второто влегување во боксот. Променливите временски услови придонесоа за многу промена на тактиката кај повеќе тимови, а силниот дожд предизвика и целосен прекин на трката на седум круга пред крајот, по што следуваше пауза од повеќе од половина час.