Таткото на Макс Ферстапен, Јос, не може да се помири со резултатите кои ги постигнува Мерцедес во финишот на сезоната. Јос кој возеше во Ф1 од 1994 до 2003 година, се сомнева во регуларноста на болидот на Мерцедес. Изненаден е од брзината која ја има Луис Хамилтон.
„Во животот не сум видел толкава разлика од етапа до етапа. Јасно е дека се случува нешто. Покрај тоа, по трката во Бразил, видовме дека Хамилтон зеде нешто од својот тренер, а потоа се врати до болидот и седна во кабината. Многу ме интересира што зеде“, рекол таткото на Макс Ферстапен.
„Кога ќе ги погледнете сите работи, неразбирливо е како во финишот на сезоната успеаја да направат толкава разлика. Чинам дека прават нешто што не е дозволено. Можам да го прифатам поразот, но тоа мора да биде во фер борба“.
Јос Ферстапен во кариерата возел 107 трки, два пати успеал да се искачи на победничкиот пиедестал.
Хамилтон утре ќе стартува пред Ферстапен на трката за ГН на Катар.