Top Sport

Калиниќ одбива да ја напушти Рома

Никола Калиниќ не сака да ја напушти Рома. Хрватот кој е позајмен во Рим од Атлетико Мадрид сезонава има одиграно 200 минути од кои 94 се во Серија А.

Рома не можат никако да се откачат од Калиниќ. Му најдоа клуб во Премиер но тој одби да се пресели во Њукасл Јунајтед.

Најновите информации од Италија говорат дека понуда за Калиниќ стигнала од Бордо на чија клупа седи неговиот поранешен тренер од Фиорентина, Паоло Фонсека. Хрватот ја одбил и оваа понуда.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, играчот за чија позајмица Рома платиле два милиони евра, решил да остане до крајот на сезоната во клубот, а потоа сам да решава околу својата иднина.

Scroll to Top