Макс Ферстапен го продолжи договорот со Ред Бул. Актуелниот шампион, ја продолжи верноста кон тимот од Милтон Кејнс до 2028 година. Тимот соопшти дека новиот договор ќе биде придодаден кон актуелниот, кој истекува во 2023 година.
„Го сакам овој тим, а минатата сезона беше апсолутно неверојатна. Од моментот кога ја започнавме соработката во 2016 година, целта беше да ја освоиме титулата. Целта сега е долго време да бидеме број 1“, рекол Ферстапен.
Тимот не ги објави финансиските детали од договорот, но според медиумите, Ферстапен на годишно ниво ќе заработува помеѓу 40 и 50.000.000 евра. Ова е еден од најголемите договор во Формула 1. Седум кратниот шампион, Луис Хамилтон од Мерцедес годишно добива 40.000.000 евра.