Top Sport

Куман: Лапорта немаше пари за Меси, а го донесе Феран за 55 милиони евра

Роналд Куман, реши да го прекина молкот. Во разговор за холандските медиуми открил зошто пред четири месеци доби отказ од Барселона. Куман и покрај сѐ остнал да живее во Барселона, но рекол дека нема намера да оди на „Ноу Камп“, додека на чело на клубот се наоѓа Џоан Лапорта.

„Лапорта илјада пати ми кажа дека Чави нема да биде тренер, бидејќи немал искуство. Имам впечаток дека од првиот ден новото раководство не ме поддржа. Нема да одам на „Ноу Камп“, не можам да се преправам дека работите се во ред додека овој претседател е на функцијата“, рекол Куман и дополнил.

„Сакав и јас да добиев засилувања, какви што доби Барса во зимскиот преоден рок. Од почетокот на сезоната работев без многу играчи. Сега Педи и Дембеле се тука и се изгледа добро. Едноставно не добив ист третман каков што доби Чави. Драго ми е што работите се движат добро. Среќен сум, особено за Френки де Јонг, тој конечно игра на високо ниво. Тој е врвен фудбалер“, рекол Куман и дополнил.

„Поради раководството морав да се согласам да се продадат некои важни играчи бидејќи економската ситуација беше лоша. Меѓутоа што направија тие, по заминувањето на Меси, донесоа играч за 55.000.000 евра“.

Scroll to Top