Top Sport

Ферстапен: Заминувањето на Хамилтон во Ферари не е шокантно

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, смета дека ништо нема да биде исто за Луис Хамилтон по неговата одлука да потпише за Ферари.

Британскиот возач ќе ја има последната сезона во тимот на Мерцедес пред да се пресели во тимот на Ферари од 2025 година.

Ферстапен на промоцијата на новиот болид на Ред Бул „RB20“, зборуваше за преселбата на Хамилтон во италијанскиот тим.

„На крајот, мислам дека неговата преселба во Ферари не е изненадување. Ако сонувате за тоа како дете, тогаш го следите сонот. Единственото нешто што е невообичаено за сето ова е што протекоа информациите и потоа мораа да го објават. Затоа што да објавите нешто толку големо на почетокот на сезоната… Сигурно ќе биде чудно во такви околности до крајот на годината, дури и ако имате многу успех заедно, но јасно е дека веќе не можете да бидете вклучени во сè. Но, трансферот во Ферари? Тоа не е шокантно“, вели трикратниот светски првак.

Scroll to Top