Top Sport

Црвена звезда најде десен бек во Премиер лигата

Фудбалерот на Нотингем Форест, Ричи Лари е пред трансфер во Црвена звезда, објавија српските медиуми повикувајќи се на извори од клубот.

Црвено-белите за овој трансфер ќе одвојат 500.000 евра, а пофални зборови за десниот бек имаше и поранешниот голман на српскиот шампион, Милан Борјан.

Двајцата се соиграчи во канадската репрезентација за која Лари одигра 48 натпревари.

Лари игра на позицијата десен бек, може да ја покрие и левата страна, а во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Ванкувер во МЛС лигата.

Лари е играч на Нотингем Форест од 2022 година, но не успеа да се наметне. Тој е вишок во ростерот на „шумарите“, па и покрај тоа што има договор до јуни 2025 година, Форест го продава за само 500.000 евра.

Scroll to Top