Top Sport

Ферстапен: Знам дека имаме одличен болид

Макс Ферстапен беше воодушевен по неговиот успех на Големата награда на Белгија, признавајќи дека бил свесен колку брз болид има Ред Бул. има болид за тие успеси.

„Знам дека имаме одличен болид, но морав да го преживеам првиот свиок. Морав да останам на патеката бидејќи местото беше тесно, но после тоа работите ни функционираа одлично. Црвената вода е најлошиот свиок што можеше да ми се случи тогаш бидејќи врнеше и болидот се лизна. За среќа ништо не се случи, но дефинитивно беше опасна ситуација“, изјави Ферстапен по победата во Белгија.

Холанѓанецот дојде до осмата последовна, а вкупно 11. победа во досегашните 12 трки од шампионатот во Формула 1.

Scroll to Top