Лидерот во првенството на Формула 1, Макс Ферстепен, се соочува со потенцијална казна, во пресрет на трката за Големата награда на Катар. Дирекцијата на трката соопшти дека е покрената истрага против возачот на Ред Бул, поради инцидентот што се случил во самиот финиш од квалификациите.
Како што се наведува во соопштението, Ферстепен го игнорирал дуплото жолто знаме. Проблемот настана кога отпадна дел од гумата од болидот на Пјер Гасли, а тој со својот болид застана веднаш зад стартно-целната линија.
Ферстепен го игнорирал жолтото знаме и го заврши брзиот кругот.
Холанѓанецот утре во 11 часот ќе се појави пред стјуардите.
Траката за Големата награда на Катар ќе започне во 15 часот. Пол-позицијата ја освои Луис Хамилтов, веднаш до него на стартот ќе биде Ферстапен.