Top Sport

Фетел добил и втора понуда од Ферари, повторно со намалена плата

Според италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“, Себастијан Фетел ја одбил првата понуда за нов договор од Ферари, но веќе добил втора понуда, која повторно е со намалена плата за него.

Германецот, кој е четирикратен светски шампион, има договор до крајот на 2020, што значи дека едно од најпосакуваните места во Ф1 може да се слободно за 2021, а Даниел Рикардо и Карлос Саинс Јуниор беа меѓу возачите кои се поврзувани со ова место.

Ферари очигледно ја ценат посветеноста на Фетел по пет години во тимот, но додека првиот договор му даваше 30 милиони евра годишно, Фетел ќе добие само 12 милиони евра од 2021, со што ќе има израмнета плата со Шарл Леклер.

Сепак, се верува дека платата не е главна пречка за договорот, бидејќи Ферари му нудат само едногодишен договор, а Германецот би сакал да се обврзе на повеќе сезони. Останува да се види што ќе се случи.

Scroll to Top