Top Sport

Така беше порано во Ф1 – „пеколот“ на Шпанското ГП во 1970 (видео)

Формула 1 секогаш бил опасен спорт, но обновеното видео кое го прикажува (не)славниот судир на Шпанското ГП во Харама во 1970 година само покажува дека во таа ера, спортот бил сосема нешто поинаку.

На стартот на трката во Шпанија, болидот на Марч на Џеки Стјуарт дојде во водство од вториот ред во првиот круг, но додека Шкотланѓанецот ја помина првата кривина, зад него се создаде хаос. Скршената оска на Џеки Оливер (БРМ) значеше дека Британецот загуби контрола и налета пред Џеки Икс (Ферари).

Бидејќи болидите беа полни со гориво, се создаде огромен пожар додека двајцата возачи се обидуваа да излезат од болидот. Оливер бргу се спаси, но Белгиецот Икс се мачеше да се ослободи од каишите. Возачот на Ферари се ослободи, но веќе беше запален и истрча преку патеката барајќи маршал на трката или опрема за гаснење пожар.

Неверојатната снимка е само потсетник за опасноста на Ф1 пред 50 години, но и потсетник на тоа колку мерките за безбедност не биле на нивото.

На крајот, двајцата го избегнаа најлошото, а Стјуарт стигна до првата победа за тимот на Марч.

Scroll to Top