Top Sport

Фетел е прв избор на Ферари пред Луис Хамилтон

Себастијан Фетел останува „прв избор“ на Ферари за сезоната 2021, откако шефот на тимот, Матија Биното на промоцијата на новиот СФ1000 болид сакаше да ги намали шпекулациите дека Луис Хамилтон се подготвува за менување на тим.

Минатата година, Хамилтон, кој освои пет титули во шест години со Мерцедес, двапати се сретна со претседателот на Ферари, Џон Елкан за можна соработка по 2021 година, по што шпекулациите велеа дека Фетел се обидел да преговара за враќање во Ред бул, иако му било посочено дека тие не можат да ја приуштат неговата плата.

Иако договорот на Германецот завршува оваа година, Биното вели дека тој е прв избор за да биде партнер на Леклер и следната сезона.

„Себ е нашиот прв избор и за следната година. Секако, тоа е нешто за што преговараме, но тој сигурно е првата опција. Хамилтон? Сега сме фокусирани само на нашите возачи“, изјави Биното за „Ројтерс“.

32-годишниот Фетел пак, беше запрашан дали е подготвен и за 14. сезона во спортот.

„Се чувствувам доволно младо. Зборувавте за Луис, тој е постар од мене, така што тоа не е ограничување“, вели Фетел.

Scroll to Top