Top Sport

Почетино: Едвај чекам да се вратам во Премиер лигата

Маурисио Почетино признава дека има огромна желба повторно да биде менаџер во Премиер лигата, откако е надвор од фудбалот по отказот кој го доби од Тотенхем во ноември, а ако се верува на шпекулациите многу тимови би сакале да го видат на својата клупа.

Во интервју за „Скај спорт“, Аргентинецот вели дека е подготвен и чека вистинска шанса.

„Да бидам искрен, би сакал повторно да работам во Премиер лигата. Знам дека ќе биде тешко, но сега е момент за чекање и ќе видиме што ќе се случи. Ова се моменти за опоравување за мене, за размислување за иднината, но секогаш сум подготвен бидејќи во светот на фудбалот изненадувањата секогаш се тука. Верувам дека следниот предизвик ќе биде фантастичен за мене“, вели Почетино.

Тој ги однесе Тотенхем до финалето на Лигата на шампионите и постојани топ 4 пласмани, но оваа сезона формата падна и првите луѓе на клубот се решија да го сменат со Жозе Мурињо. 47-годишниот Почетино беше поврзуван со клупата на Атлетико Мадрид, но и со Манчестер јунајтед и покрај довербата која тие ја имаат во Оле Гунар Солскјер.

„Знам дека има шпекулации иако бев во Аргентина, во Катар и во Шпанија. Сите знаат дека има шпекулации, но со нив ’ракуваш’ внимателно. Јас сум горд на тоа што го остварив во Тотенхем и мислам дека во вистински момент дојдов во клубот за да го оддржам на нивото кое беше потребно“, додава Почетино.

Scroll to Top