Top Sport

Катастрофалните Никси се највредната франшиза во НБА!

Иако никако да им тргне резултатски, Њујорк никси се највредната франшиза во НБА лигата, објавува новото издание на финансискиот магазин „Форбс“, кој посочува дека првпат во историјата просекот на вредност на еден НБА тим е фантастични 2 милијарди долари, a ниту еден тим не вреди помалку од 1 милијарда.

Њујорк вреди фантастични 4.6 милијарди долари и покрај катастрофалните резултати во последната деценија, најмногу поради финансиската моќ на метрополисот и големиот број на фанови кој го има клубот.

Лос Анџелес лејкерси овојпат се зад Њујорк со 4.4 милијарди долари, а фантастични 4.3 милијарди вредат и Голден Стејт вориорс, кои за 20 години направија „бум“ со три шампионски титули – во 1999 вределе само 140 милиони долари. Во топ 5 се уште два историски големи тимови – Чикаго булс со 3.2 милијарди долари и Бостон селтикс со 3.1 милијарди долари.

Најслабата франшиза во НБА е една од најмладите – Мемфис гризлис, кои вредат „само“ 1.3 милијарди долари.

Scroll to Top