Top Sport

Фетел: Ферари веќе никаде не е фаворит

Себастијан Фетел признава дека Ферари веќе не можат да се гледаат како фаворити на ниту една трка откако во Азербејџан пак не успеаја да ги победат Мерцедес, дозволувајќи Валтери Ботас да донесе нова 1-2 победа, четврта на стартот на сезоната.

Ферари ја почнаа сезоната како апсолутни фаворити по доминантната брзина на зимското тестирање, а ривалите постојано тврдеа дека СФ90 болидот на Ферари е најбрзиот во Ф1, Мерцедес доминираше на сите четири трки.

„На почетокот бевме навистина слаби, во болидот се чувствував неудобно, и дури на крајот на ’средни’ гуми беше малку подобро. Имаме многу работа пред нас, бидејќи во ниту еден момент не бевме таму каде што посакувавме. Секако, ние не сме фаворитите пред трката во Барселона. Во тимот има добар дух и сега мораме да ги ’ловиме’ Мерцедес“, вели Фетел.

Scroll to Top