Top Sport

Квитова „мајсторски“ си го освои Поршето во Штутгарт, деби титула за Петра Мартиќ

Петра Квитова стана првата тенисерка која во 2019 година освои две титули, откако со 6:3/7:6(2) ја совлада Естонката Анет Контавеит во финалето на Порше Гран при турнирот во Штутгарт.

Претходно, на 18 турнири оваа сезона, немаше тенисерка која успеа да освои барем две титули, така што Квитова со победата над 15-рангираната Естонка стана и лидер во ВТА трката за финалето во Шенжен.

По сигурниот прв сет, кој го доби со два брејка, Чехинката спаси две сет-топки на 5:4 во вториот сет, пред да доминира во тај-брејкот.

Хрватката Петра Мартиќ, пак, се врати од сет негатива за 1:6/6:4/6:1 победа над чешката тинејџерка Маркета Вондроушова во финалето на Истанбул опен за своја прва титула во кариерата.

28-годишната Мартиќ претходно на турнирот го одигра најдолгиот меч во годината во четврт-финалето против Кристина Младеновиќ, но имаше сили за кам-бек против 18-годишната Вондроушова, која сега има два порази во двете финалиња во кариерата – Алисон ван Ујтванк ја победи во Будимпешта во февруари.

Scroll to Top