Top Sport

Три фудбалери на ПСЖ се позитивни на корона вирус

Пари Сен-Жермен потврдија дека тројца фудбалери и еден член на тренерскиот тим се позитивни на корона вирус по вчерашните тестови пред враќањето на тренинзи од четврток, но додаваат дека тие се опоравиле од болеста.

ПСЖ беа крунисани за француски шампиони во април по откажувањето на сезоната во Лига 1, а треба да се вратат на работа пред финалињата на Купот на Франција и Лига купот на Франција, како и продолжувањето на Лигата на шампионите.

ПСЖ треба да играат со Сент-Етјен во финалето на Купот на Франција на 24 јули, а потоа со Лион во финалтео на Куп де ла Лиг на 31 јули.

„Позитивните имаа симптоми во текот на периодот на изолација додека не беа во контакт со другите фудбалери. Веќе не се заразни и ќе можат да продолжат со тренинзите“, велат од ПСЖ.

Scroll to Top