Top Sport

Фетел инсистира дека не е виновен: Па, јас одев само право (видео)

Сите случувања на Бразилското ГП во Сао Пауло во неделата беа во сенка на дуелот на двајцата колеги од Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, кој предизвика бес кај шефовите во италијанскиот тим и повикување во седиштето во Маранело на разговор.

Фановите и новинарите во голема мерка го обвинуваа Фетел за инцидентот, иако стјуардите решија да нема казни и да го третираат инцидентот како обичен тркачки инцидент. Самиот Фетел се согласува.

„Не, зошто би бил казнет, кога јас само одев право. Имав подобро излегување од шиканата, се обидов да поминам и тогаш се допревме“, вели Фетел.

Секако, и Леклер смета дека тој не е виновен.

„Јас го поминав на првата кривина. А потоа на влезот на четвртата кривина го затворив приодот“, вели Леклер.

Шефот на Ферари, Матија Биното призна дека е можно да има ограничување за тркање меѓу колегите со зборовите: „Тоа што имаат слобода да се тркаат, не значи дека имаат слобода да прават глупости“.

Scroll to Top