Top Sport

Клоп: Навистина мразам да играм во Севилја!

Јирген Клоп немаше одговор на тоа на кој стадион најмногу сака да игра, но јасно порача каде му е „најомразено“ место за фудбал – „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја.

„Не сум сигурен кој е најдобриот стадион за игра. Но, стадионот на Севилја е местото каде што најмногу мразам да играм. Поради атмосферата. Тоа би требало да биде комплимент“, вели Клоп.

Германецот како тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул има седум меча на „Писхуан“ и ниту една победа – неговите тимови имале три порази и четири ремија, вклучувајќи го и мечот во кој Ливерпул на полувреме имаше 3:0, а заврши 3:3.

За свој омилен меч во кариерата, тој очекувано го избра мечот со Барселона во Лигата на шампиони, кога „црвените“ надополнија негатива од 3:0 од првиот меч, а секако химната на Ливерпул, „You’ll Never Walk Alone“, е „најдобрата фудбалска песна“.

Scroll to Top