Top Sport

Јовиќ експресно си оди од „Бернабеу“, таму доаѓа Пјонтек?

Трансфер трампа е во најава меѓу мадридски Реал и екипата на Милан.

Според информациите на италијанските и шпанските медиуми, се планира размена со која српскиот фудбалски репрезентативец, Лука Јовиќ од „Бернабеу“ ќе се пресели на „Сан Сиро“, а полскиот голгетер, Кшиштоф Пјонтек ќе замине во шпанската престолнина.

Полјакот моментно не е во идеална форма во Милан, ниту од далеку не ги прикажува игрите поради кои Милан за 35 милиони евра го доведе од Џенова.

Сопственикот на Реал, Флорентино Перез наводно веќе ги воспоставил првите контакти и се распрашувал за Пјонтек.
Од друга страна, Јовиќ не е единствениот кој се споменува за евентуална размена со Милан. Вестите од Шпанија се дека и неговиот соиграч Маријано Дијаз би можел да ги засили „Росонерите“.

Пјонтек минатата сезона во „црвено-црниот“ дрес даде дури 30 гола на 42 меча, а сезонава има само 3 погодока на 12 меча. Пред да реши да го засили Милан, Полјакот имаше отворено понуди од Јунајтед, Наполи, Борусија (Д), Челси, Рома.

Изминатите денови шпанските медиуми јавуваа дека кралскиот клуб сака во Мадрид да ги доведе Џејдон Санчо од Борусија (Д) и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.

Српскиот напаѓач, Јовиќ, пак, отпрвин се здоби со повреда на подготвителните мечеви за новиот клуб, а потоа имаше епизодни улоги во испревртената постава на Реал. Неодамна го постигна првиот и досега единствен гол за клубот од Мадрид.

Scroll to Top