Top Sport

Фетел изгради „хотел за инсекти“ на патеката Сузука

Четирикратниот Формула 1 шампион, Себастијан Фетел помогна да се изградат 11 „хотели за инсекти“ на втората кривина на патеката Сузука во Јапонија, како дел од неговата кампања за важноста на биодиверзитетот.

Проектот со име „Buzzin’ Corner“ (Кривина која брмчи), е направен во соработка со патеката каде што овој викенд ќе се одржи Јапонското ГП, и каде што шиканата ќе биде обоена со жолто и црно. Фетел соработуваше со локален столар, кој помогна во изградбата на гнездата, каде што ќе можат да живеат пчели и други инсекти. Тој планира слични проекти на другите Ф1 патеки.

„Се надевам дека ова а само почеток на иницијативата и наа проектите на другите патеки. Биодиверзитетот е важен не само за инсектите туку и за другите животни, растенија и организми“, вели Фетел.

Scroll to Top